Вархеји пристигнува во Охрид на Самитот на Отворен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пристигна во Охрид каде ќе учествува на Самитот во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Претходно беше најавено дека Вархеји ќе се обрати на официјалното отворање на самитот преку видео врска, како и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Официјалното отворање на Самитот започнува во Охрид, на кое ќе се обратат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и гостите, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Слични содржини