Вархеји: С.Македонија е дел од Европа, немаме време за губење, треба да се забрза процесот!

од Берта Китинска
204 прегледи

Посветени сме да ги продолжиме напорите за почеток на преговори со Северна Македонија пред завршувањето на француското претседателство со Европската Унија во овие клучни времиња, објави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по средбата со премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата.

– Ја почнав посетата на Северна Македонија со средба со премиерот Димитар Ковачевски. Северна Македонија е дел од Европа! Немаме време за губење, треба да се забрза процесот!, напиша Вархеји на Твитер.