За Северна Македонија 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес, изјави Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, при презентицијата на извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент.
– Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата. Северна Македонија покажа одлучност и издржан напредок. Еврокомесарот забележа дека е важно земјата да го задржи реформското темпо и да го искористи процесот на скрининг, за да го искористи својот потенција за забрзување на реформите. Според него, потребни се дополнителни напори во областа на јавната администрација. Извештајот го поздравува целосното усогласување на Северна Македонија со надворешната политика на ЕУ, посебно во однос на Украина. Со ова земјата ја покажа својата одлучност да напредува на својот ЕУ пат, изјави Вархеји.