Вархеји: Спорот меѓу С.Македонија и Бугарија брзо да се реши

од Берта Китинска
358 прегледи

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи на Економскиот форум  во Тирана  го издигна на ниво на нов услов билатералниот спор со Софија, порачувајќи дека  Македонија за него треба да најде „заеднички прифатливи решенија со Бугарија“.

„Комисијата смета дека за првата меѓувладина конференција со Албанија за почеток на преговорите со ЕУ се исполнети сите услови, благодарение на важните реформи во изборниот закон, владеење на правото и во судскиот систем, вклучувајќи го и ветингот на судиите и обвинителите.С.Македонија го одржува темпото на спроведување на ЕУ реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија“, рече во обраќањето Вархеји.

Тој потсети дека ЕУ ветила дека целиот регион на Западен Балкан ќе биде дел од Унијата, но и дека нивните партнери во регионот ветиле дека ќе испорачаат реформи за тоа да стане реалност.

Слични содржини