Вартоломеј за МПЦ: Историски момент, влегуваме во нов период

од Nikola Popovski
348 прегледи

Вселенскиот патријарх Вартоломеј го нарече историски момент што по речиси шест децении е надминат јазот меѓу Српскара православна црква (СПЦ) и Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

„Ова не исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Расколот што траеше околу шест децении, на иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, сега е отстранет и влегуваме во нов период“, изјавил патријархот Вартоломеј за грчката телевизија ЕРТ.

Тој изјавил дека и пред одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае Македонската црква, имало дијалог меѓу црквите во Северна Македонија и Србија.

Тој навел дека конкретното прашање на расколот долги години е во фокусот на Патријаршијата, а делегациите на МПЦ често доаѓале на консултации.

„Се обидовме да им помогнеме. Во еден момент го назначивме Неговото Блаженство Архиепископот Албански Анастасиос да има посредничка улога. Тој се обиде, замина, се враќаше, разговараше со двете страни, но не успеа поради реакции, најчесто од СПЦ и официјално преку писмо и во еден момент го врати мандатот. Но, напорите и молитвите на Вселенската патријаршија не беа прекинати“, рекол вселенскиот патријарх.

„Врз основа на овој еклитон го отстранивме расколот, изјавивме дека со нив се придружуваме на евхаристиската заедница. Нивната црква ја именувавме Охридска архиепископија, го исклучивме терминот „Македонска црква“ и секој збор изведен од зборот „Македонија“. Ги ограничивме границите на јурисдикцијата на територијата на Северна Македонија, како што се нарекува денес, а сите дополнителни административни прашања и ги доверивме на Светата српска црква, со предуслов овие други работи да се засноваат на канонскиот акт и вековните пракси на целата православна црква“, додал Вартоломеј

Тој оценил дека СПЦ постапила правилно, со што е потврдена одлуката на Вселенската патријаршија.

Слични содржини