Варуфакис: Грција не бара излез од кризата надвор од границите на ЕУ

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјавил дека земјата “не гледа” надвор од границите на Европа, за да најде начин да ја надмине економската криза и изразил уверување дека договор со европските партнери ќе биде постигнат уште во април.грциј

Одговарајќи на прашање на телевизискиот канал Bloomberg, Варуфакис отфрлил каква било поврзаност меѓу преговорите со доверителите во еврозоната и средбата на премиерот Алексис Ципрас со рускиот претседател Владимир Путин.

“Треба да биде јасно: планот за спасување треба да се бара во рамките на европското семејство. Владата не се стреми да го решава надвор од Европа проблемот  кој не е европски “- изјавил тој. Весникот “Катимерини” објави дека порано министерот за финансии на конференција на економисти во Париз изјави дека неговата влада не е подготвена да потпише некаков договор, само за даја  добие следната транша од кредитот. Според него покрај списокот од реформи треба да се дискутира . Според Варуфакис, Грција е подготвена да седне со партнерите и да преговара за реформите.

“Во исто време ни е потребен финансиски план, кој треба да има смисол” – додаде тој.

Министерот соопштил за намерата на Владата повторно да започне програма за приватизација. “Таа мора рационално да ги користи постоечките државни средства”, заклучува Варуфакис