Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис признава дека најлошото нешто што може да се случи на Грција е да ја напушти еврозоната.. Таквиот развој на ситуацијата може да се покаже како епидемија, соопшти “Екатимерини”.
“Секој кој се заигрува со идејата за напуштање на еврозоната се игра со оган”, коментира тој. Варуфакис исто така, рече дека некои тврдат дека за дел од Европа не е проблем да се откажат од Грција и дека ЕЦБ има инструменти со кои може да се отстрани Грција, ако е потребно, да ја изгори раната и да им овозможи на останатите во еврозоната да продолжат. “Многу се сомневам дека тоа е така. Не само поради Грција, но и за секој дел од Унијата “, рече тој.
Во понеделник продолжуваат преговорите меѓу Атина и претставници на меѓународните кредитори во Париз. Од владата на премиерот Алексис Ципрас објавија дека се надеваат да се дојде до консензус пред закажаната за 24 април седница на Еврогрупата. На крајот на минатата недела Евргрупата побара од Атина да ја претстави ревидираната со реформи во рамките на шест работни дена, за да биде потпишан договорот за продолжување на програмата за финансиска помош на земјата. Заменик министрите за финансии на земјите од еврозоната побараа договорот за обезбедување на заем од 7,2 милијарди евра и државата да биде дискутирано во рамките на подготвувањето за 24 априлскса средба.
