Варуфакис сепак гласал за вториот пакет реформи

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Оваа ноќ во  грчкиот парламент усвоен и вториот пакет економски мерки. Овие реформи беа поставени како услов од меѓународните кредитори за продолжување на помошта за Грција.”За” промените гласа и поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис. Новиот пакет беше усвоен со  230 гласови  на пратениците. Против беа 63-ца пратеници. Дебатите започнаа во 23.00 часот и тераше до раните утрински часови

Лидерот на опозицијата, Евангелос Меимаракис рече дека неговата група ќе ја  поддржи програмата за реформи на владејачката партија на премиерот Ципрас и  Сириза. Тој, сепак, истакна дека “тоа управување ја лини  многу скапо земјата и граѓаните”.

Законодавните промени ќе дозволат да започнат веднаш преговорите со меѓународните кредитори за третата спасувачка програма за 86 милијарди евра. Токму пред една недела – на 16 јуни, парламентот во Атина го усвои првиот пакет реформи, со што беше променето даночното законодавство.

За време на дебатата во пленарната сала грчкиот премиер Алексис Ципрас, рече дека земјата ќе ги извршува договорите со меѓународните кредитори, под многу тешки услови. Тој потврди дека никој во земјата не би се согласил со планот на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за привремено излегување на земјата од еврозоната. Според Ципрас земјата требало да избира меѓу исфрлање на Грција од еврозоната и усвојувањето на тешките услови. Грчкиот премиер изјави и уште дека неговата земја успеа да ја промени Европа. Алексис Ципрас повторно изјави дека нема намера да поднесе оставка.

Законодавните промени, кои беа усвоени ноќеска предвидуваат промени во граѓанска постапка, промени во законот за продажба на аукција на недвижности на должници на хипотекарни кредити, како и интегрирање во грчкото законодавство на директивите на ЕУ за стабилизирање на финансиските институции во јужниот сосед.

Доцна синоќа десетици илјади Грци во различни градови на земјата се вклучија во протестите против новите економски мерки кои беа  усвоени ноќеска . Протестите беа организирани од левичарските и синдикални формации. Само во Атина на плоштадот Синтагма се собраа околу 10 000 луѓе.

Во почетокот на недела по тринеделната банкарска одмор банките во земјата повторно ги отворија вратите.

“Отворањето на грчките банки им овозможи и на соседните земји даздивнат . Бугарија, Романија, Македонија, Србија и Албанија, кои беа на линијата на фронтот за ризик од ширење на грчките финансиски проблеми”, пишува по тој повод во. “Фајненшл тајмс” и потсетува дека грчките банки поседуваат над 20% од активата на банката во Бугарија и Македонија и околу 10% во другите балкански држави.