Варуфакис си призна сам на себе: Остануваме без пари!

од desk3
110 прегледи

По средбата на Еврогрупата во Брисел, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис призна дека Грција се соочува со опасноста да остане без ликвидни средства за две недели, ако не се постигне договор.

0000263206-article2

“Прашањето за ликвидноста е ужасно итно”, изјави тој и изрази извесно чудење што еврогрупата не сакала да го спомене овој проблем, а инсистирала на тврдењето за постигнатиот напредок.

Според него напредокот е по овие прашања, како приватизацијата и даночната реформа и овој напредок се должи најмногу на отстапките направени од неговата влада. Тој, сепак изјави дека дискусиите на средбата со германскиот колега – министерот за финансии Волфганг Шојбле, биле најмногу пријателските досега.

Варуфакис ја истакнал за време на средбата волјата на неговата влада за спроведување на темелна реформа за ДДВ, која се состои особено во единството на различните даночни стапки.

Дури и во однос на пристапот за најтешките за отплата заеми и создавање на независна агенција за даночна администрација Грците се преселиле во вистинската насока, станува јасно од зборовите на европскиот комесар Пјер Московичи.

Но се уште има големи конфликтни точки: пензиските реформи и флексибилните работнички закони.

Грција постигна напредок во разговорите со своите доверители, но се потребни “повеќе време и напор” за постигнување на договор кој ќе и ги обезбеди на земјата парите кои се потребни, за да не западне во неликвидност, изјави меѓу состанокот во Брисел на 19-те министри за финансии од еврозоната, претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум, цитиран од Ројтерс.

Според него Еврогрупата и Грција треба да се договорат за продолжување на макрофинансиската помош за Атина што е можно поскоро, додека ситуацијата не е излезена од контрола. “Тоа денес зависи од грчките власти”, истакна Диселблум.

Во распространетото по седницата соопштение сепак има само техничка констатација на фактот дека на земјите претстои уште значајна работа и се “поздравува одлуката на грчкото раководство да се забрза работата со меѓународните институции”.

Непосредно пред состанокот германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле фрли “вистинска бомба”, велејќи на влегување во зградата во Брисел дека “можеби е вистинската мерка грчкиот народ да може сам да одлучи дали е подготвен на она што е потребно, или би сакал друга опција “.

Шојбле се изјасни за референдум, со кој досега Владата на Сириза се закануваше де факто на Европејците. Кои реформи се потребни на Грците Шојбле појаснил во подоцнежниот потоа разговор со својот грчки колега Јанис Варуфакис. Грците треба да ги достават пред експертите бараните суштински предлози за реформи. Потоа експертите на Тројката ќе направат пресметки за придобивките за земјата и само тогаш преговорите може да продолжат. Она што досега е предложено, не е доволно, смета Шојбле, како и повеќето од останатите 18 финансиски министри.

Учесниците на средбата ја пофалиле “подобрата атмосфера” на преговорите. “Од грчка страна е направено доста”, изјави Диселблум. “Станува збор и за тоа што извештајот доаѓа директно на премиерот”, додаде тој. Пред неколку недели Холанѓанецот се пожали на тоа дека грчкиот премиер Алексис Ципрас не е добро информиран за текот на преговорите од својот сопствен преговарачки тим.

Според Ројтерс Германија и предложила Грција да спроведе референдум за одобрување на болните економски реформи, барани од меѓународните кредитори. Атина сепак изјавила дека нема такви намери засега, а други земји изразија загриженост дека таков референдум може да ја забави витално потребната финансиска помош.