323
„Измина веќе еден месец од одржаните локалните избори, влегуваме во вториот, а градоначалниците на Мицкоски ништо не работат“, вели денеска Стефан Васев од СДСМ.
„Јавноста е сведок дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ единствено што излегоа во јавноста овој период е промовирање проекти од СДСМ, истите оние кои ги критикуваа, како и промоција на Христијан Мицкоски“, посочува тој.