Васев: Мицкоски коалицира со човекот кој велеше дека „Македонците се варвари и канибали“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
334 прегледи

„Новата коалиција на Христијан Мицкоски, Зијадин Села и Африм Гаши е “Од немај каде” коалиција која е од напред осудена на пропаст и пораз. Соочен со седмиот по ред пораз од народот, Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

„Мицкоски денес коалицира со Зијадин Села, човекот кој велеше дека „Македонците се варвари и канибали“, со истиот Села кого сопартијците на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ насилно го влечеа во Собранието и му нанесоа животозагрозувачки повреди на 27 април“, посочува Васев.