Васев: ВМРО-ДПМНЕ е на страната на вирусот и работи против здравствениот систем

од Vladimir Zorba
443 прегледи

„На ВМРО-ДПМНЕ не му е важно ниту здравјето на граѓаните, ниту му е грижа за здравствениот сектор и здравствените рабптници. На ВМРО-ДПМНЕ му е битно само да спечали некаков ситен политички поен на маката на граѓаните, на трудот на лекарите“, вели Стефан Васев од СДСМ, како реакција на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа денеска и сами пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го признаа во обраќањата на нивниот лицемерен протест каде се зборуваше за се освен за заштита на јавното здравје. Денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е показна вежба за тоа како се кршат мерките, како се загрозува јавното здравје, како заболените и починати лица се злоупотребуваат во дневнополитички цели“, смета Васев.

Слични содржини