Васев: ВМРО-ДПМНЕ се најголемите штетници кога се работи за националните и стратешки интереси на државата

од Vladimir Zorba
292 прегледи

„Мицкоски работи за неуспех на државата и на штета на македонските интереси. Ние не се помируваме со блокади, не се откажуваме ни кога ситуацијата е тешка и неизвесна. Ние работиме за граѓаните, за иднината а тие навиваат за неуспех на државата“, вели Стефан Васев од СДСМ.

„Од ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ и нема што друго да се очекува освен поткопување на сите напори за успех на процесот за добивање прва меѓувладина конференција, односно одглавување на блокадите на патот кон ЕУ.

Иако е јасен и гласен нашиот став дека идентитетот и јазикот не се и никогаш нема да бидат ставени на преговарачка маса, Мицкоски со лаги и измислици се обидува да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите штетници кога се работи за националните и стратешки интереси на државата“, посочува Васев.

Слични содржини