Вашингтон ги укина санкциите за европската филијала на руската „ВТБ банка“

Министерството за финансии на САД воведе санкции за банката во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина.

од Бети Божиноска
128 прегледи

САД ги укинаа санкциите против европската филијала на руската „ВТБ банка“, се наведува во соопштението на американското Министерство за финансии.

Според извештаите, на банката VTB Europe со седиште во Франкфурт на Мајна, која се појавува на списокот на американското Министерство под две други имиња (VTB Bank Deutschland AG и Ost-West Handelsbank AG), ѝ се отстранети американските ограничувања.

Министерството за финансии на САД воведе санкции за банката во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина.

Со воведувањето на овие ограничувања, на американските граѓани и правни лица им беше забрането да работат со банката и мораа да ги прекинат сите економски односи со нив.

Слични содржини