Вашингтон испраќа воени бродови и „ловци“ на Блискиот Исток

од Vladimir Zorba
45 прегледи

САД ќе распоредат уште една ескадрила „ловци“, како и воени бродови и инсталации за противракетна одбрана на копно во Блискиот Исток, се посочува во синоќешното соопштение на Пентагон.

Зајакнувањето на одбранбените способности во регионот следуваат по заканите од Иран и поддржаните од оваа држава групи „Хамас“ во Појасот Газа и „Хезболах“ во Либан.

Американското Министерство за одбрана презема мерки откако Техеран соопшти дека ќе преземе одмазднички дејствија по убиството на лидерот на радикалното палестинско движење „Хамас“ Исмаил Ханија, за што го обвинуваат Израел. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин го одобри испраќањето на крстосувачи и разурнувачи во Блискиот Исток.

„Остин нареди промени во распоредувањето на американските војски за да се подобри заштитата на силите на САД, да се зајакне поддршката за одбраната на Израел и да се обезбеди подготвеност на САД за реакција на сите непредвидени околности“, се вели во изјавата на Пентагон.

Слични содржини