Вашингтон пост: Европа сака да распореди повеќе од 25.000 војници во Украина

од Milan1
72 прегледи

Европските земји размислуваат за распоредување на вкупно 25.000 до 30.000 војници во Украина, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на официјални претставници.

Најновата верзија на европскиот план предвидува создавање воени сили од неколку бригади, можеби од 25.000 до 30.000 војници, пишува весникот.

Претходно денеска словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека прашањето за испраќање војници во Украина е само прашање на Обединетите нации или билатерални договори и дека тоа е „тема со која ЕУ нема никаква врска и не треба да ја коментира“.

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарез изјави дека е премногу рано да се разговара за испраќање војници во Украина, истакнувајќи дека верува оти наскоро нема да се постигне прекин на огнот меѓу Украина и Русија.

„Никој не размислува за испраќање војници во Украина, бидејќи мирот е сè уште далеку“, рече тој.

Германија нема да бега од испраќање копнени трупи во Украина доколку се воспостави рамка за таков потег, изјави портпаролот на германското Министерство за одбрана, пред итните разговори во Париз за европската безбедност, пренесе „Ројтерс“.

Сепак, прерано е да се зборува за точниот придонес на Германија, додаде тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на состанок на европските лидери на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина.

Најавата за средбата дојде еден ден откако специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Европа нема да има место на преговарачката маса.

Слични содржини