За време на својата историска посета на Куба Барак Обама треба да го следи примерот на Роналд Реган, кој ја посети Москва кон крајот на својот втор претседателски мандат, пишува “Вашингтон пост”. Претседателот на САД треба да им го покаже на Кубанците патот кон слободата и пазарната економија и ако потоа режимот на Кастро се распадне, како некогаш СССР, жителите на островот ќе го почитуваат Обама како инспиратор на промените.
Претстојната посета на американскиот претседател во Хавана е првата од 1959 година и тој ќе мора да се ориентира што може да ги преземе, по примерот на Реган, за да ги донесе очекуваните промени на Кубанците, смета весникот.
Новата стратегија на ИД за насилство
Таков пример веќе е земен од актуелната администрација на Белата куќа- како Реган, така и Обама ќе одржи средба со дисиденти на режимот. Покрај тоа Хавана ги прави првите срамежливи чекори по патот на пазарната економија и отворање кон слободната трговија и американскиот претседател е должен да укаже на економските придобивки за земјата од тоа.
Но промени во Куба нема да се брзи, тие ќе се случуваат постепено и во продолжението најверојатно со години. Најважно е сега Барак Обама да го посочи патот по кој оваа земја ќе оди во иднина, за да го почитуваат како инспиратор на промените, завршува “Вашингтон пост”.
