Вашингтон пост: Украина започнува да користи касетна муниција

од Stefanija Kuzmanovska

Украина започнува да користи касетна муниција против руските сили во југоисточниот дел на земјата, која ја добија од САД, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на добро информирани украински извори.

Употребата на ова контроверзно оружје од САД успеди откако американскиот претседател Џо Бајден донесе одлука да го испрати оружјето во Киев минатата недела.

Многу активисти за човекови права и европски лидери го критикуваа Бајден за оваа одлука.

Украинските власти постојано бараа од САД да им испратат касетна муниција за да го надоместат нивниот недостиг од артилерија.

Во моментов муницијата ќе се користи за пробивање на рововите. Планот е да се искористи во близина на градот Бахмут, кој со месеци беше главното упориште на војната.

Секретарот за одбрана Лојд Остин ја бранеше одлуката на САД минатата недела, велејќи дека касетната муниција има „премостувачка способност“ да го задржи притисокот врз Русите додека не се зголеми производството на оружје од Западот.

Остин додаде дека Украина „писмено се обврзала“ да не користи муниција во населените места и дека ќе се направат напори за расчистување на областите каде што е распоредено оружјето.

Слични содржини