Вашингтон сака Киев да ја промени стратегијата и да премине во одбрана

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Вашингтон сака Киев да ја промени стратегијата и да премине од офанзива во одбрана, а ова е пораката што Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател, има намера да му ја пренесе на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на разговорите на Светскиот економски форум во Давос, објави „Блумберг“.

„Саливан ќе му ја пренесе пораката од својот шеф, претседателот Џозеф Бајден, на Зеленски за време на разговорите на маргините на Светскиот економски форум. Белата куќа сака Украина да ја промени својата стратегија и да премине од офанзива во одбрана“, се наведува во написот.

Според авторот на написот, Зеленски го разбира значењето на таквата одлука, иако не би сакал да ја слушне или јавно да зборува за неа.

„Затоа Зеленски треба да му каже на Саливан, а тој треба да му каже на Бајден, дека Конгресот треба да биде потсетен дека Украина може да спроведе таква одбрана само ако САД и нивните сојузници гарантираат дека ќе ги имаат на располагање сите можни средства“, наведува „Блумберг“.

Зеленски, како што се наведува, смета дека е неопходно да се негира фактот дека конфликтот е дојден во ќорсокак и затоа неговата цел останува т.н. мировната формула за која се дискутираше во Давос на ниво на советници за национална безбедност.

„Но, Русија не беше поканета и Кина не се појави, така што сите знаат дека тоа е ќорсокак“, истакнува авторот.

Како што наведува, контраофанзивата на Украина не успеа, што го разочара Вашингтон, кој го повика Киев да ја промени тактиката. Руските сили биле добро утврдени , додека Украинците претрпеа огромни загуби во работна сила и потрошија премногу муниција.

Според зборовите на авторот, Зеленски треба да му каже на Саливан дека Киев ќе престане да испраќа западни тенкови на добро миниран терен бидејќи тоа нема смисла.

Сепак, тој забележува дека Киев не може да ги заштити своите позиции без помош на САД и Европа, пренесува „Спутник“.

Слични содржини