243
Три лица починаа, а три се хоспитализирани откако конзумирале милкшејк заразен со бактеријата листерија во ресторан во Такома, во американската сојузна држава Вашингтон, соопшти министерството за здравство.
Истрагата покажа дека труењето е поврзано со машини за сладолед кои не биле исчистени правилно, се вели во соопштението на секретаријатот, додавајќи дека бактеријата листерија може да влијае на луѓето и до 70 дена по консумирањето, пренесува Си-Ен-Ен.
Според извештаите, машините биле користени до 7 август.
Симптомите на инфекција со листерија вклучуваат треска и болки во мускулите, а понекогаш и дијареа или други гастроинтестинални проблеми. Други симптоми вклучуваат главоболка и конфузија.