Вашингтонскиот монумент останува затворен поради поправка барем до 2019

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Вашингтонскиот споменик во САД ќе остане затворен најмалку до 2019 година. Американското обележје ќе биде затворено поради поправки.5188866 Вашингтонскиот споменик е бел обелиск, кој се наоѓа до западниот дел на паркот “Национален центар” во Вашингтон. Изграден е во врска со годишнината од раѓањето на Џорџ Вашингтон – првиот претседател на САД.

Ова е највисоката камена градба во светот – 169,294 метри. Споменикот е изграден од мермер, гранит и песок.

Започнат е во 1848 година, но бидејќи наскоро потоа почнува Американската граѓанска војна, тој е завршен дури во 1884 година. По војната при изградбата бил користен друг вид песок, поради тоа на околу половина висина може да се забележи промена во бојата на споменикот.

Туристите уживаат во лифтот, за да се качат до врвот на споменикот, а од таму можат да се видат Националниот центар, Белата куќа, Капитол, како и споменикот на Абрахам Линколн.