Васил Хаџиманов: Татко ми остави вистинско богатство, да биде запаметено и почитувано

од Nikola Popovski
633 прегледи

„Татко ми Зафир почина денес. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа страшна болест. Зад себе остави вистинско богатство, од песни што толку маестрално ги пееше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, поетски и прозни книги, сè до ненадминливите улоги во театарот и филмот. Но, пред и над сето тоа, тој секогаш несебично ја даваше својата огромна љубов, внимание и поддршка на своето семејство и најблиските“, се огласи синот на починатата музичка легенда, Васил Хаџиманов.

Тој наведува дека неговите родители биле еден од најталентираните и најубавите парови во историјата на овие простори.

„Неговиот непобедлив дух, способност да се снајде и да застане на нозе во секоја ситуација, енергија да прави секогаш сè што прави со целото свое битие, и додека го прави сето тоа истовремено за да биде врвен шмекер … тоа мора да се запомни. Да биде запаметено и почитувано! Те сакаме тато и ќе ни недостасуваш засекогаш! Ви благодарам на сите за зборовите за поддршка“, стои во Фејсбук објавата.

Зафир Хаџиманов почина вчера на 77-годишна возраст како последица од компликации од коронавирусот, јавија српските медиуми.

Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград.

Слични содржини