Васил Јованов осуден на 12 години затвор за усмртувањето на Фросина Кулакова

од Nikola Popovski
241 прегледи

Васил Јованов денеска е осуден на затворска казна од 12 години за усмртувањето на Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Судијката при изнесувањето на пресудата информира дека Јованов имал 0,80 промили алкохол во крвта и ја удрил Фросина со 91 километар на час со возилото марка „пежо 207“ кое било во сопственост на неговиот татко.

Во казната затвор се засметува и времето поминато во притвор. Јованов доби и забрана за управување со моторно возило од Б категорија во времетраење од 5 години.

По изрекувањето на пресудата, таткото на Фросина, Тодор Кулаков веднаш ја напушти судницата и извика „судот е мафија“.

На последното рочиште Јованов призна вина и изрази каење. Обвинителот како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од 3 години и 10 месеци и 5 прекршочни постапки за разни сообраќајни прекршоци, кои не се процесуирани.

Неговиот бранител, адвокатот Сашко Дуковски достави докази дека Јованов бил одличен ученик и спортист и рече дека не треба да се суди според народната-око за око, заб за заб. Адвокатот и семејството Кулакови побараа највисока казна за обвинетиот, земајќи ги како отежнителни околности тоа што управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.

Слични содржини