Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 24-годишната Фросина, беше спроведен во скопскиот Апелационен суд. Но, седницата е по обвинение за кое беше суден – за недозволена трговија со наркотични средства. За постапката што се води пред повисоката судска инстанца, Обвинителството поднесе жалба на пресудата од Основниот суд, кој претходно го прогласи виновен и му изрече казна затвор. Бранителот на Васил се противи на повисоката казна.
Според обвинението во овој случај, Јованов се товари дека бил вмешан во дистрибуција на дрога, кривично дело, за кое беше осуден на воспитна мерка како постар малолетник, а потоа, Апелација му ја зголеми казната на 3 години и 10 месеци.
Случајот заврши пред Врховниот суд кој ја укина второстепената пресуда поради тоа што не се одржала јавна седница, а Јованов немал можност да се брани.
Претходно, Јованов доби 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачкиот премин на „Партизанска“ кај Универзалната сала.