„Камчиа оркестар“ е името на овој бугарски бенд, а песната која практично се проби низ Тик Ток во целиот регион е стара осум години.
„Na gitarata Vasko Žabata, toi ste sviri dragi gosti samo za vas“, се зборовите на песната што во превод значи: „На гитара е Васко Жабата, тој ќе свири драги гости само за вас“.
Иако нема никаква смисла, нумерата според мислењето на многумина е интересна и певлива, поради што не се престанува да се зборува за неа.
Многу фанови се обидоа да откријат кој е одговорен за оваа заразна песна, а судејќи по социјалните мрежи, пејачот, кој секако е еден од главните актери, се уште работи, но сега е хармоникаш.
Оваа бугарска песна е голем хит на Тик Ток, каде се појавија еден куп духовити верзии:
@l.e.m.a.x #vaskozabata #vaskojabata🐸🥵 #breakingbad #foryourpage #foryou #fyp #salamanca #bulgaria #edit #idemo #zaba