Утре челниците на фудбалскиот клуб Сараево најверојатно ќе ја донесат конечната одлука за тоа кој ќе биде нов тренер на тимот.
Како што дознава босанки „Аваз“, првиот човек на клубот од Кошево, Исмир Мирвиќ, по враќањето во главниот град на БиХ, разговарал со главниот кандидат за клупата на тимот, поранешниот македонски репрезентативец Александар Васоски (42).
Разговори биле водени и со поранешните тренери Мирзо Варешановиќ и Драган Јовиќ, како и со хрватскиот стручњак Деан Клафуриќ, но сепак најблиску до изборот е Васоски.
Васоски е актуелен тренер на Академија Пандев, која е втора во Првата македонска фудбалска лига.
Претходно го водеше Вардар со кој беше шампион во сезоната 2019/20.