214
Ватикан е вклучен во тајна мировна мисија во Украина, во обид да се стави крај на конфликтот меѓу Украина и Русија, изјави вчера папата Франциск.
„Подготвен сум да направам се што треба да се направи. Има мисија што е во тек, но не е јавна. Кога ќе биде вистинското време, ќе ја откријам“, им рече папата на новинарите за време на неговото враќање од Унгарија во Италија, објави Ројтерс.