Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка, трикратен грен слем шампион, доби специјална покана за настап на претстојниот Австралија опен, соопштија денеска организаторите на првиот Гренд слем во сезоната.
Покрај Вавринка, специјални покани добија и австралиските тенисери Тристан Скулкејт, Ли Ту, Џејмс Мекејб, како и тенисерките Дарија Савил, Ајла Томљановиќ, Емерсон Џонс, Талија Гибсон и Маја Џоинт.
Вавринка го освои Австралија опен во 2014 година, победувајќи го неодамна пензионираниот Шпанец Рафаел Надал во финалето. Покрај на Гренд слем турнирот во Мелбурн, тој славеше и на Ролан Гарос во 2015 година и една година подоцна на УС Опен, а двата пати во финалето го победи српскиот играч Новак Ѓоковиќ.
„Неверојатно сум благодарен што добив „вајлд-карта“ за Австралија Опен во 2025 година. Мелбурн има посебно место во моето срце… една од најголемите пресвртници во мојата кариера“, рече Вавринка, моментално рангиран на 161-та позиција во светот.
Овој 39-годишен Швајцарец во последните години се мачеше со повреди, а последното четвртфинале на Гренд слем го играше во 2020 година на Австралија Опен.
Австралија опен е закажан од 12 до 26 јануари.