Важна вест за граѓаните на Македонија: Одложено спроведувањето на пријавите за влез во ЕУ

од Nikola Popovski
310 прегледи

Граѓаните на регионот, сепак, нема да мора да се пријавуваат за патување во Европската унија од 10 ноември. Повторно е одложен датумот на отпочнување со работа на Системот за пријавување влез и излез од ЕУ, скратено „ЕЕS“. На одложување најмногу инсистирале Германија, Франција и Холандија, бидејќи сметаат дека се уште не се подготвени за тоа.

„Се води расправа за тоа дали централниот систем на ниво на ЕУ е подготвен и мислам дека сега можеме да кажеме дека нема да биде во ноември, ниту системот ќе се воведе на сите гранични премини во сите земји одеднаш“, рекол хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, пишува „N1“.

Тој додал дека на средбата не се разговарало за тајмингот и одбил да шпекулира дали ќе биде подготвен пред крајот на годината.

„EES“ бара, пред секое патување во ЕУ, пријавите преку онлајн формулар или мобилна апликација. Во рамки на пријавата, ќе треба да ги внесете вашите основни податоци, времето на влез и излез од ЕУ и сите информации за забрани за патување, учество во војни и слично. Пријавата е задолжителна пред секое патување и е потполно бесплатна, а потврдата за патувањето пристигнува веднаш.

Кога ќе тргнете на патувањето, на граница полицајците ќе ви ги земат биометриските податоци (отпечаток од 4 прсти од десната рака и скенирање на зеницата на окото), кои остануваат во системот за понатамошна употреба, па следниот пат кога ќе ја преминета границата, само ќе се проверуваат биометриските податоци. „EES“ е првиот дел од системот за гранична контрола, а неговиот втор дел се нарекува „ETIAS“ – Систем за издавање дозволи за влез во ЕУ.

И додека пријавите на „EES“, мора да ги правите пред секое влегување во ЕУ, „ETIAS“ е дозвола за патување која важи три години или додека не истече пасошот, без оглед на бројот на патувања. Неговата цена е седум евра. Во повеќето случаи, постапката ќе трае само неколку минути, но во некои случаи може да трае и до 30 дена.

Со воспоставување на системот „EES“/„ETIAS“, ЕУ сака да воспостави контрола на миграцијата и конечно да добие точни податоци за тоа кој влегува на територијата на Унијата и колку долго останува таму.

Сепак, надлежните ги предупредуваат патниците дека може да има метеж на границите во првите месеци од имплементацијата на овој систем, но тврдат дека комплетниот систем ќе ги забрза процедурите и затоа ќе доведе до значително пократко време на чекање за минување на границите, кога ќе биде целосно воспоставен.

Слични содржини