ВАЖНИ СОВЕТИ: Како да реагирате ако на лице во ваша близина му се слоши од високите температури?

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Високите температури може да доведат до моментална слабост, но и до многу посериозна здравствена состојба. Ако некој се онесвести или му се слоши, многу е важно да знаете како да реагирате и да не правите грешки што можат само да ја влошат ситуацијата.

Кога му помагате на некое лице, проверете дали има доволно кислород, извадете го од преполна или загушлива просторија. Водата во овие ситуации помага само при благ замор и неколку голтки, а за луѓето кои едвај се свесни, водата не може да помогне.

Не е препорачливо ниту да ја преместите личноста која е во несвест, бидејќи не знаете дали таа повредила нешто при падот. Најдобро е да почекате брза помош и професионалец. Ако, пак, лицето е свесно и може да се движи, тогаш однесете го некаде во сенка, но придржувајте го за да не падне.

Во овој случај, не давајте солена храна на лицето на кое му помагате, бидејќи солта ја задржува водата.

Слични содржини