ВАЖНО ОТКРИТИЕ: Остатоци од 2.000 години стар брод пронајдени на брегот во близина на Рим

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

Остатоците на стар римски товарен брод, кој потона пред повеќе од 2.000 години, се пронајдени покрај брегот во близина на Рим, објави во петокот одделот за уметност на италијанската полиција.

Бродот се наоѓал во морето во близина на пристаништето Чивитавекија, на околу 80 километри северозападно од главниот град на Италија, на песочното морско дно на длабочина од околу 160 метри, соопшти специјалната полиција.

Бродот, кој се проценува дека е долг повеќе од 20 метри и датира од првиот или втор век п.н.е., носел стотина амфори, кои главно биле пронајдени недопрени.

„Извонредното откритие е важен пример за бродолом на римски брод кој се соочил со опасности на море во обид да стигне до брегот и сведочи за старите поморски трговски патишта“, соопшти полицијата.

Потонатиот брод бил лоциран и снимен од робот на далечински управувач, соопштија полициски извори. Се уште не е јасно дали властите ќе се обидат да го извлечат бродот или неговиот товар од дното на морето.

Слични содржини