Претседателот на Светската боксерска асоцијација (ВБА) Гилберто Мендоза е отворен за идејата влогерот-боксер Џејк Пол да се натпреварува за светска титула.
Помладиот од браќата Пол ги изрази своите амбиции да освои светска титула во професионален бокс и можеби ќе има таква можност. Вака напиша Мендоза на социјалната мрежа Х.
„Не сум против идејата за борба меѓу Џејк Пол и Хулио Цезар Чавез Јуниор во моментов“, рече претседателот на ВБА.
Хулио Цезар Чавез Јуниор последен пат се бореше за светска титула во 2012 година кога загуби од Серхио Мартинез. Мексиканецот беше дел од подготвителните натпревари на последната гала на чие чело беше Џејк Пол.
Наследникот на легендарното боксерско семејство го победи поранешниот борец на УФЦ, Урaја Хол, со едногласна одлука по борба од шест рунди. Настанот се случи на 20 јули во Тампа, Флорида.