Моите очекувања се дека прво ќе имаме плодна дискусија, конструтивна расправа и дека ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата. Евроамбасадоро многу јасно кажува дека од нас зависи како и на кој начин и колку брзо ќе го завршиме патот интеграцијата во ЕУ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски откако вчера Владата ги усвои уставните амандмани и ги достави до Собранието.
Ковачевски истакна дека уставните измени не се задираат во ниту едно идентитетско прашање.
Вчера беа објавени и немаше ниту еден негативен коментар, ниту во медиумите, ниту било каде. Сметам дека нашите 120 пратеници ќе имаат визија, доблест и храброст да донесат одлука која ќе значи европска интеграција на државата и обезбедување на подобра европска иднина за сегашните и идните генерации, кажа премиерот во рамки теренската посета на делницата Градско – Дреново на кракот Xd на паневропскиот Коридор Х.
Измените се однесуваат на додавање на етничките групи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, во кои се наведени етничките групи.
-Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, делови од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, босанскиот народ и други“, запирка се става по „босанскиот народ“ и се додаваат: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египетскиот народ, објавија вчера од Владата.