Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 25 пожари на отворен простор на повеќе места во државата, известуваат од Центарот за управување со кризи.
Од пожарите шест биле во околината на Куманово, по два во Охрид и Велес и по еден во Свети Николе, Штип и Гевгелија. Како што известија, изгаснат е и пожар во Новаци, Карбинци, Долнени и Лозово.
Во Скопје и околината имало четири пожари и тоа во период од 13:57 до 18:30 часот, со 2 ПП возило и 5 пожарникакри интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Визбегово(општина Бутел).
Во период од 14:20 до 15:00 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на ул.Радушка бб(општина Ѓорче Петров);
Во период од 15:00 до 17:20 часот, со 3 ПП возило и 7 пожарникари интервенирале стовариште за палети ул Борис Трајковски бб (општина Кисела Вода); Во период од 16:50 до 18:20 часот, со 1 ПП и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на автопат Скопје-Велес.
Во период од 20:55 до 22:30 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснеле запалено стрениште во с. Брњарци (општина Гази Баба). Во изминатото деноноќие имал уште една помала интервенција.
ЦУК апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар.