Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 737.060 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.475 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани. Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.