Вчера се вакцинирале 14.976 граѓани

од Берта Китинска
231 прегледи

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информира утрово министерот за здравство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани.Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793 граѓани.Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, соопшти Филипче.

Слични содржини