138
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, соопштија од Министерството за здравство.
Вкупно се аплицирани 958.742 дози вакцини, а ревакцинирани се 425.356 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 13.137 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.993 граѓани.
Според МЗ, 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години, 58% од населението над 60 години и 48% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.