Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, соопштија од Министерството за здравств.
Вкупно се аплицирани 662.372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245.231 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 9.213 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.751 граѓани.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 496.228 граѓани.
Со последните бројки 53% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, како и 50% од населението над 65 години, 45% од населението над 60 години и 39% од населението над 50 години.