Вчера во скопските ковид центри биле хоспитализирани 87 пациенти

од Andreja Salpe
367 прегледи

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани рекордни 87 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство. Во соопштението се додава дека вкупно 686 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

– Бројот на приеми во изминатите денови е зголемен и, утрово, до 8 часот, имало 90 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места, се наведува во информацијата.

Во последното деноноќие на интерните и на хируршките клиники имало 45 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден, а во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти.

Слични содржини