Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам, напиша на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа објави и снимка од дел од нејзиното денешно обраќање во македонскиот Парламент, во кој пратениците ја разгледува Информацијата околу францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на земјава со ЕУ.
Во видеото се објавени и кадри од нејзините средби со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.
„Доколку одлучите да го прифатите ревидираниот француски предлог, во следните неколку дена ќе се одржи меѓувладина конференција, а потоа комисијата веднаш ќе започне со скрининг, како прв чекор во преговарачкиот процес“, изјави денеска меѓу другото Фон дер Лајен.
🇲🇰 Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија.
Ве сакаме во ЕУ!
Ви благодарам. pic.twitter.com/yG51PGzhpT
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022