259
Имам поднесено кривични пријави за сите доктори кои учествува во мојата операција и случајот е во обвинителството, вели Јилдиз Веапоска, родилка од Дебар во Студио 10 на ТВ24.
„Јас станав инвалид благодарение на нив, па пробав да ја барам правдата од институциите. Вчера барав и од МЗ, го побарав извештајот, од Комисијата составена од министерот, и зошто се фатиле само на полот на бебето, а не се зафатиле за сето тоа што ми се случи. За да се оправда другата причина, се фатиле за полот на бебето, тоа е моето мислење. Не знам дали институциите си играат со нас. Сега ми е многу потешка борбата со институциите отколку кога се борев за мојот живот на КАРИЛ“, вели Веапоска.