Веб-базираниот Skype веќе поддржува видео повици со HD резолуција

од Vlatko K
77 прегледи

Microsoft пушти надградена верзија на апликацијата за веб прелистувач „Skype for Web“ која
поддржува видео повици со HD резолуција – и групни и индивидуални, соопшти компанијата.

Новост е функцијата за снимање разговори. Панелот за известување сега прикажува реакции на
порака, групно известување и цитирање на пораки од корисници. Во полето за пребарување,
корисникот може да избере некој збор или фраза и да најде цела порака по него.


Друга нова функција е чат галеријата, која ги прикажува сите датотеки, фотографии и линкови
испратени или примени од страна на корисникот за да може полесно и побрзо да најде специфични
материјали кога е потребно.

Ажурираната верзија на „Skype for Web“ работи на Windows 10 и Mac OS X 10.12 (и повисоко)
оперативни системи и само во прелистувачите на Chrome и Edge.

Не постои индикација кога ажурираната апликација ќе работи на Safari или Firefox