Манфред Вебер, лидер на групата на народни партии во Европскиот парламент (ЕПП) побара од ВМРО-ДПМНЕ да го користат уставното име на државата Република Северна Македонија. Вебер ова го истакна преку објава на социјалната мрежа „X“.
-Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува обврзувачките одредби од Договорот од Преспа и доследно да го користи името „Северна Македонија“. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова, стои во објавата на Вебер.
The @VMRO_DPMNE leadership should fully respect the binding Prespa Agreement provisions & consistently use the name “North Macedonia.” Respecting international agreements is a fundamental prerequisite for us as @EPP. Otherwise Europe can not function & the EU will not accept this
— Manfred Weber (@ManfredWeber) May 23, 2024
ВМРО-ДПМНЕ е членка на Европската народна партија. ЕПП е најголемата и највлијателната политичка група во Европската Унија и во неа членуваат скоро сите демохристијански партии од земјите членки на ЕУ и земјите-кандидати.
Партијата на Христијан Мицкоски во март годинава учествуваше на конгресот на ЕПП кој се одржа во Букурешт.
Во последниот период постојано гледаме критики од страна на грчките власти, но и укажувања од европските претставници, откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова и идниот мандат Христијан Мицкоски најавија дека во домашна употреба и во своите говори ќе го користат името Република Македонија.