Веќе 4 дена дел од затворениците штрајкуваат со глад поради лошите услови во затворите

од desk3
90 прегледи

Веќе 4 ден трае штрајкот со глад низ затворите во Македонија. На овој начин се обидуваат да укажат на преполни капацитети над дозволеното, услови како во логор и лоша храна-информира 24 Вести.

zatvor3

Велат штрајкот со глад кој веќе 4 дена трае не е само поради иницијативата за законот за амнестија, туку и поради лошите услови.

Дел од затворениците во Штип велат дека и пред да го почнат штрајкот со глад, храната која ја добивале била лоша, а сликата која се прикажува во јавноста е сосема поразлична.

Некои затвореници информираат дека се сместени во ќелии како штали, а за да добијат слободен викенд треба да платат тарифа од 500 до 1000 евра.

И Народниот правобранител исто така во последниот извештај ја нотираше оваа ситуација каде наведува дека системот за ресоцијализација не функционира и дека сместувањето на затворениците во несоодветни услови е нехумано и понижувачко постапување.
Неодамна медиумите исто така објавија и фотографии за еден од ѕидовите во затворот Идризово кој се срушил.

Директорот на КПД, Живко Пејковски исто така потврди дека дел од затворениците се жалат на условите, бидејќи во затворот има 1900 затвореници, а капацитетот е 800.

Во изминатите три години седумина вработени биле избркани од работа поради примање поткуп и мито, а се санкционираат и сите други кои во Центарот за ресоцијализација ќе го прекршат правилникот за работа.

И Народниот правобранител исто така во последниот извештај ја нотираше оваа ситуација каде наведува дека системот за ресоцијализација не функционира и дека сместувањето на затворениците во несоодветни услови е нехумано и понижувачко постапување.

Исто така во извештајот се наведува и дека Здравствената заштита не е целосно преземена од Министерството за здравство, па во дел од затворите нема надлежен лекар кој ќе ја спроведува здравствената грижа за приведените и осудените лица.

На лошите услови во затворите, но и на тортурата врз затворениците веќе со години алармира и меѓународната заедница.

ОН и ОБСЕ и во последните извештаи за Македонија во делот на центрите за ресоцијализација порачуваат дека не се запазени ниту основните хигиенски услови, соодветна медицинска заштита, а има и случаи каде затворениците се изложени на тортура на дел од персоналот.