186
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, за време на престојот во САД се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден.
„Сојуз на слободата. Вечен сојуз“, напиша Османи на социјалните мрежи по повод средбата со Бајден.
Објавена е и фотографија на која се ракуваат Бајден и Османи, а покрај нив стојат сопругот на Османи Приндон Садрију и првата дама на Америка – Џил Бајден.