171
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Променливо облачно со повремен локален дожд, пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини со повремен снег. Утре ќе има пообилни врнежи во северозападниот дел на земјава, а в среда на повеќе места, кога се очекува да наврнат и над 40 л/м2 воден талог.