Вечерни навики кои ве дебелеат

од Vladimir Zorba

Вечерта е многу проблематично време за одредени навики, поради кои можеме да добиеме тежина.

Откријте поради кои 8 вечерни навики се дебелете:

1. Не спиете доволно

Последици: Вашиот метаболизам станува побавен и чувствувате глад поради недоволно спиење. Нивото на кортизол во крвта се зголемува. Вежбате помалку затоа што се чувствувате уморни.

Препорака: Спијте најмалку 8 часа во текот на ноќта.

2. Се прејадувате за вечера

Последици: Јадете премногу храна или јадете премногу тешка храна и како последица на тоа варењето се забавува, а тоа е особено изразено навечер.

Препорака: Изберете лесна вечера која главно се состои од протеини и зеленчук.

3. Јадете пржена или зачинета храна за вечера

Последици: Премногу калории што не можете да ги сварите толку брзо и слабо варење предизвикано од ваков вид на храна. Исто така, бројот на масни клетки се зголемува и ќе имате полош сон.

Препорака: Избегнувајте ваков вид на храна да јадете доцна во ноќта.

4. Легнувате веднаш по вечерата

Последици: Зголемена акумулација на масни клетки и проблеми со варење.

Препорака: Вашиот последен оброк треба да биде најмалку 1 и пол до 2 часа пред спиење.

5. Јадете житарки или други јаглехидрати за вечера

Последици: Добивате дополнителна енергија што нема да ја користите додека спиете, а храната со висока содржина на јаглени хидрати содржи многу рафинирани шеќери кои мора веднаш да се изгорат.

Препорака: За вечера изберете свежо овошје, салати или храна богата со протеини. Но, се разбира, во мали порции.

6. Сакате да јадете слатки навечер

Последици: Белиот шеќер и брашното се трансформираат во масни клетки. Не можете да согорувате калории преку ноќ.

Препорака: Ако мора да „кснете“ десерт навечер, изберете некое овошје.

7. Консумирате алкохол или кофеин

Последици: Алкохолот и кофеинот лошо влијаат на квалитетот на вашиот сон, а содржат и многу калории.

Препорака: Избегнувајте консумирање алкохол или пијалоци кофеин доцна во ноќта. Секогаш завршувајте го денот со пиење чаша обична вода.

8. Користите мобилен телефон или компјутер пред спиење

Последици: Овие уреди испуштаат сина светлина, што влијае на квалитетот на сонот и вашето здравје. Радио-фреквенциите, исто така, предизвикуваат несоница.

Препорака: Прочитајте неколку страници од книга пред спиење или слушајте смирувачка музика. Ова ќе ви помогне полесно да заспиете.

Слични содржини