Во 21 часот вечерва во МНТ ќе се одржи театарската пртстава “Не се клади на Енглези”.  Претставаа хуманитарно ќе се одигра на големата сцена во Македонскот народен театар.  Парите од продажбата на билетите ќе бидат наменети за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот и на кој му се потребни средства за лекување, како и на 24 годишната Марина Јовановска која има итна потреба од третмани и лекарства во Берлин.
 Марина  боледува од nystagmus и rethinopatia pigmentosa sine pigmento, кои се многу ретки болести на очите и доведуваат до слепило и во Македонија не се лекуваат.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку online мрежата „Купи карти за се“ по цена од 300 ден.