144
Градот Скопје ги информира граѓаните дека јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата се прекинува вечер, на полноќ (22.09.2020 година, во 24 часот).
Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана.
Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 4.060 пријави.