Вечерва, на првиот ден од летото, стартува Скопско лето

од desk3
150 прегледи
Скопско лето вечерва свечено ќе го отвори специјалниот гостин од Турција,  Омер Фарук Текбилек, познат музичар на народни инструменти. 
По повод првиот ден од летото и светскиот ден на музиката со почеток во  19,30 минути, на улица Македонија музички концерт ќе одржи и Градскиот дувачки оркестар под диригентска палка на Хусеин Еминовиќ.
Скопјани, на улица Македонија со почеток во 20 часот ќе можат да ја видат и уметничката инсталација THINK FREEDOM “Мисли слободно” на уметницата Едина Селесковиќ од Босна и Херцеговина.
Граѓаните ќе имаат можност во текот на 40 дена, исполнети со уметност да уживаат во најтоплите денови на летото. Ќе учествуваат повеќе од 900 уменици.
 „Градот Скопје е покровител и финансиер на Скопско лето, а организацијата е на Дирекцијата за култура и уметност.
 Дел од програмата оваа година ќе се одвива на места кои се од културно и историско значање на Македонија како Старата скопска чаршија, Сули ан, театри, музеи, галерии и други споменици на културата.